1. Право на откажување од купувањето
Купувачот што е потрошувач може да се откаже од купувањето без да наведе причина, во рок од 15 дена од денот кога ја примил пратката. За да го искористи правото, нè известува на info@virtuspro.mk или на телефон +389 2 620 1106 и го наведува бројот на нарачката.
Односот со правните лица (фирми, болници) е уреден со договорот, понудата и овие услови.
2. Услови за враќање на производ
Производот се враќа во рок од 15 дена од известувањето за откажување, неупотребен, неоштетен, во оригиналното пакување и со сите етикети.
Не се враќаат:
- производи изработени или прилагодени по барање на купувачот, на пример со лого, везење или посебна мерка;
- медицинска облека и обувки, ако е отворено хигиенското пакување.
3. Трошоци за враќање
Трошокот за испраќање на производот назад го плаќа купувачот. Ако производот има недостаток или е испратен погрешен производ, трошокот за враќање го плаќа Виртус Про.
4. Враќање на пари
Парите ги враќаме на истата платежна картичка со која е платено, преку Стопанска банка АД Скопје, најдоцна 14 дена откако ќе го примиме вратениот производ. Ако купувачот платил по фактура, парите ги враќаме на неговата сметка во истиот рок. Кога износот ќе се појави на сметката зависи и од банката на купувачот.
5. Замена на производ
Замена за друга големина, боја или модел е можна под истите услови и рокови како враќањето, ако бараниот производ е на залиха. Трошокот за испраќање назад го плаќа купувачот.
6. Рекламации (производ со недостаток)
Ако производот има недостаток или не одговара на нарачаното, купувачот има право на рекламација според Законот за заштита на потрошувачите.
Како да се поднесе рекламација:
- Испратете порака на info@virtuspro.mk или јавете се на +389 2 620 1106.
- Наведете број на нарачка, опис на недостатокот и по можност фотографии.
- Ќе одговориме во рокот што го предвидува законот.
При недостаток, купувачот ги има сите права што му ги дава Законот за заштита на потрошувачите. Ако производот има гарантен лист, важи гарантниот рок наведен во него.
7. Производи изработени по нарачка
Пред да започне изработката, купувачот ја прифаќа понудата, вклучувајќи цена, количина и опис на производот. Производ изработен по нарачка не може да се врати ниту замени, освен ако има недостаток во изработката или не одговара на прифатената понуда; тогаш важи постапката за рекламација од дел 6.