Дали може да се стави лого на производите?

Да. Брендирањето го правиме во соработка со партнери чија основна дејност е печатење и вез. Техниката и условите зависат од производот и се договараат во понудата.

Кои големини ги има облеката?

Медицинската, готвачката и работната облека ја имаме во стандардни европски броеви од 34 до 58. Изработуваме и по мерка; цената за изработка по мерка е по договор.

Кои броеви ги имаат кломпите?

Кломпите BLOC, WAYLITE и Golden Fit ги има во броеви од 36 до 46.

Кои броеви ги имаат чевлите Payper?

Од 36 до 46.

Која е минималната количина за изработка по нарачка?

5 парчиња.

Колку трае изработката по нарачка?

10 работни дена.

Како може да платам?

Со фактура. Плаќањето со платежна картичка наскоро ќе биде достапно. Плаќање при достава нема.

Дали има попуст за поголеми количини?

За поголеми количини, побарајте понуда.

Каде доставувате и колку чини доставата?

Доставуваме само во Македонија, преку курирска служба, за 2 до 3 работни дена. Доставата чини 200 ден.

Може ли да вратам производ?

Да, во рок од 15 дена. Трошокот за враќање го плаќа купувачот. Деталите се на страницата „Враќање, замена и рекламации“.

Дали издавате фактура?

Да, и за физички и за правни лица.

Кој е Виртус Про и како можам да ве контактирам?

Виртус Про ДООЕЛ е друштво од Скопје, Ул. Разловечко Востание 26/4-12, 1000 Скопје. ЕДБ MK4057020551220, ЕМБС 7441240. Телефон +389 2 620 1106, мобилен +389 75 280 539, е-пошта info@virtuspro.mk.

Како можам да побарам понуда?

Напишете ни на info@virtuspro.mk или јавете се на +389 2 620 1106 или +389 75 280 539. Можете да ја користите и формата на страницата „Контакт“.